Мицкоски се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен

Денеска остваривме средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен. Нашата средба беше од исклучителна важност за иднината на нашата држава и за натамошно динамизирање на европските интеграции кои се врвен стратешки интерес, приоритет и цел. Остануваме цврсто посветени како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права. Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Сакам да изразам благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.