Коментар на Селим Ибраими Парламентарните избори забршија, се избра новата влада, министрите стапуваа на должност, засегнатите страни задоволни од успехот и целите што треба да ги постигнат оние што ги поддржаа, додека економската и социјалната состојба останува иста за просечниот граѓанин.

1. Лошата болест КОВИД-19 не запре во Македонија, од ден на ден сликата се влошува и ситуацијата е комплицирана. Никој во владата нема јасен план како да се помине лошата сезона со помалку жртви.
Неодамнешните предлози на Комисиите за Заразни Болести што треба да бидат одобрени од владата, покажуваат дека органите на власта немат капацитет да управуват со пандемијата, затоа тие немат преземено досега строги мерки за спроведување на препораките против ширењето на болеста пред почетокот на зимата. И покрај меѓународната помош, состојбата на болниците е жална. Фотографиите на амбасадорите и рекламите не ја подобруваат лошата здравствена слика за Македонија.
Македонија е лидер во смртта на КОВИД-19 а финансискиот пакет се очекува да се спроведе со страв од собирање граѓани пред банкарските установи.

2. Шангајската Листа уште еднаш не ги рангираше македонските универзитети на списокот од 1000. Ова е жално и исто така е јасно за сите што се случува со квалитетот на образованието во Македонија.
Всушност, ова не е изненадувачки, бидејќи нивото на непотизам при вработување на нашите универзитети и другите образовни установи без разлика, го достигна својот врв со елиминирање на стручниот кадар и приближување на оние кои се прифатливи за засегнатите страни и оние кои одлучуваат кој треба да им биде пријател и следниот колега кој ќе ги прифати критериумите и вредностите на образованието што тие ги сметаат за такви.

На крајот на краиштата, нема што да бидеме изненадени од ваквата состојба, бидејќи нивното управување и образование веќе се гледаа без наочари, бидејќи странските институции и агенци не ги рангираат како университети и се разбира ги оценуваат со оценката Нула. Време е тие да се отворат како образовни институции и институти. (@CSSDMacedonia)