Селим Ибраими од Институт за безбедносни студии и развој од Тетово, вели дека двете најсериозни партии на Албанците се ДУИ и Движењето БЕСА, на другите ќе им треба време да се консолидираат и етаблираат. Но, едно е сигурно дека нивната улога ќе биде деструктивна за албанскиот електорат во Северна Македонија, бидејќи со толку голем број партии, младите и неопределени гласачи не знаат од каде доаѓаат и за која програма да гласаат. Демократското движење на Изет Меџити има голема веројатност да добие значителен број гласачи од ДУИ, а БЕСА ќе може да добие доволно гласови од Алијанса за Албанците. Додека, улогата на Скендер Реџепи, Аријанит Хоџа ќе биде уништувачка за албанскиот електорат, гледајќи ги нивните тенденции при формирањето на политичките партии. Друго реално сценарио кое може да излезе пред сите е создавање на два блока со ДУИ на чело, гледајќи ги овде Алијанса, Аријанит Хоџа, пратеникот Скендер Реџепи и ДПА. И опозицискиот блок со Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење на Меџити. Генерално, следната изборна трка ќе биде тешка, изјави Ибраими за Фронтлајн. https://frontline.mk/2023/08/11/devet-partii-na-albancite-shto-gubat-a-shto-dobivaat-albancite-so-ova/?fbclid=IwAR305tf-Cl8mMC_6aKHEH8gKWNKCrLUFrlUTj-nHe7qimwDu4L2OdoMTpBI
- Ибраими докторирал политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа, магистрирал меѓународни односи на Универзитетот Вебстер, воздухопловната база Скот, ИЛ, САД и дипломирал на Факултетот за новинарство на Универзитетот во Тирана, Албанија.