Од Арсим Зеколи- Српската стратегија која започна со “нико не сме да вас бије” сега ширум регионот – а особено во Босна, Косово, Црна Гора, Македонија – се надополнува со “нико не сме да критикује, нико не сме да Србија одбије”. Позадината на таа стратегија е копирана од нацистичката политика на “Deutchland Uber Alles”, сега во форма на србијанскиот кафански шовинизам на Српски Свет, т.е. Serbische Lebensraum.
Србијанската школа на Живаљевиќи во Македонија се отсликува во третирање на секое мислење од Албанци, Бугари во Македонија како сомнително, секој став оф Тирана, Приштина, Софија како закана – и изговор за демонстрација на србијанската агресија.
Па така, изјавите на Српски државни секретари со кои индиректно се ревидира историјата, изјавите на политичкиот татко на Вучиќ – Шешељ се кријат, но затоа доколку Радев, Курти, Бериша дадат и најмал совет – тоа веднаш се интерпретира како закана. Па дури и ако е од некој како Таравари преку кој се порачува до секој не-србијански фактор дека било кое нивно барање ќе се смета за “закана”, а секое одбивање на србијански диктат или ширење на непријатните србијански мочања по македонците како “мала шала меѓу браќама”. Оваа полицијско жандрановинарство е добро познато за постарите, од времето на Политика, ЕКспрес Политика, Вечерње итн. Сега само се репризира од скопљански бардовци. Евидентно, Живаљевиќи се веќе отворено во припрема за некој нов Април 27 и спремање на терен за есенски тензии. https://www.facebook.com/arszek