Зеколи: Случајот Арифи Теута

ОД АРСИМ ЗЕКОЛИ –Според медиумските написи, кандидатката за Амбасадор во ЕУ, Турција, а според некои и САД, била одбиена од сите три земји преку одмолување на барањето за давање согласност (агреман) во неслужбениот ни дипломатски вообичаениот рок од пет недели до два месеци. Несудената Амбасадорка, довчерашна градоначалничка на Тетово, остана дома и во партијата како последен политички ангажман. Нејзиното име ќе се провлече одвреме-навреме како аргумент низ политичките дебати и со тоа се завршува сета приказна.

Прашањето е: дали има или колку има вистина во наведената приказна лиферувана низ медиумите?

Да бидеш одбиен од една институција, или барем “препорака да се размисли за друг кандидат” е интересна информација. Да бидеш одбиен од два или три битни центри е веќе афера сама по себе. Која, логично, би требало да предизвика љубопитност кај медиумите. Интересно, тоа не се случи. Наместо тоа, “јавноста” на јавноста и овозможи обилни шпекулации, храна за сеир и ефтини муабети. Никој не се потруди да од несудената амбасадорка побара мислење, никој не побара образложение од надлежните домашни, никој не достави барем прашање до наводните негатори на агреманот.

Од чиста љубопитност и она малку скромни дипломатски контакти, се обидував да добијам некаква информација за скандалот. Зачудувачки инаку за брборливите дипломати, сите редум слегаа раменици и наместо одговори реагираа со прашања “навистина, што беше таа приказна?”. Во едно сепак се согласувавме, да бидеш така ревносно одбиен мора да има ептен силна причина на недоверба.

Кандидатката Арифи Т. е далеку од непозната на политичката регионалната и дипломатската сцена. Повеќе од добро позната на европските, американските, турските, германските, француските претставници во земјата од самата независност. И таа самата, и нејзините гости, љубеа да си објавуваат слики од состаноците во нејзините министерства или престои во Тетово – речиси до ден пред да настане аферата. И одеднадеж – добрата домаќинка стана непожелна гостинка!? Нешто не е во ред со логиката на нештата.

Дали е причина корупцијата? Далеку од тоа дека на Арифи Т. не и лепеле рачињата и не со опкружувала со ликови од подземјето. Како и повеќето од нејзината генерација, нејзината партија, нејзините пријател(к)и од другите партии и други кандидати за амбасадори со добиен агреман.

Дали е причина аферата Дака во Тетово? Често спомнуван аргумент во разговорите и поради проврзаноста на ликот со службите на Русија, Србија, сметан како причина за одбивањето. Од друга страна, аферата Дака не беше пречка да некои други лица од нејзината партија добијат промоција наместо казна, вклучително и лидерот на нејзината партија како и коалиционите парнтери.

Дали лицето Арифи Т. била соработник на странски служби од незападниот клуб? Доколку била, зошто била подржувана од нејзиниот лидер, како ги поминала безбедносните процедури домашни, зошто раководството државно и партијско не било посоветувано да ја отстрани пред локалните избори на кои таа имаше можност да победи во еден сепак не толку безначаен град? Доколку била, зошто не е отстранета од раководството на партијата? И на крај, зошто нејзиното одбивање беше финално, карши упорноста на владата и коалицијата да еден друг, далеку посомнителен лик со посомнителни врски и посомнителни дејанија биде по секоја цена испратен во Њу Јорк?

Во случајот Арифи Т. нема место за сентименталност и симпатија за неа како жртва. Напротив. Гледано во ретроспектива, би можело да се каже дека личноста си доживеа да срка од супата која таа самата знаела често да ја приготвува на другите. Нејзината улога на градоначалничка започна, течеше и заврши неславно за неа лично, и трагично за граѓаните врз чии глави истураше ароганција, надменост, елитизам и неспособност. Дури се чини дека и оптужбите за нејзиниот отуѓен однос како тетовска Марија Антоанета таа самата ги сметаше како потврда на нејзиниот ројалистички приказ за себе отколку како критика и единица мерка на омразеност кај граѓаните. Но, во оваа прилика, ликот Арифи Т. е помалку битен како актер, а повеќе битно како примерок за објаснување на сценаријата околу неа во кои таа самата по прв пат беше сведена на улогата на немоќен статист.

Нема ниедна потврда дека Арифи Т. е навистина одбиена.

Нема ниедна потврда која партија, структура, личност ја има предложено за амбасадор.

Нема ниедна потврдена индикација за причините за недобивање агреман.

Секоја власт ги смета амбасадорските номинации како идеален инструмент за а) праќање во екзил на ислужени или несакани функционери, б) како можност да преку номинација врз личноста се залепи партијска етикета пред јавноста и се стави во зависност од милоста на вождот. Самото праќање на Арифи Т. за амбасадор е своевидна елиминација пред пензиониација, т.е. значи дека веќе била безопасна за ривалите. Тогаш, зошто јавното черечење и посрамување кое следеше?

Одговорот е во прашањето: Qui Bono? Но претходно, збор два за контекстот во кој се одвиваше сета игранка.

Аириф Т. е истакнат припадник на тнр. бранковистичка политичка школа и крило во СДСМ, како и ПДП и ДУИ, особено сконцентрирано во Тетово и Гостивар. Клучната премиса на таа школа е македонистичкиот суверенизам роден од соц-републичките структури. Но во СДСМ, како и ПДП и ДУИ, особено сконцентрирано во Тетово и Гостивар, постои и една друга школа предводена од лик познат по нетрпеливоста со патријархот на Водњанска. А тоа е Срѓан Керим и школата на југословенистичкиот дух и структури. Блискоста на вториот со Груевски придонесе за одалечување (отстранување) од СДСМ и збег во албанскиот кампус, т.е. во ДУИ во која ионака веќе доминираше југословенистичката структура по проотерување на командантите и национално-вдахновените ликови. И така се случи тоа што со години го потенцирам – дека водството под Ахмети е последното уточиште на старите југословенски служби.

Но во ред, ќе прашате, нема логика да спречувате испраќање на некој бранковист со што само би се создал простор за повеќе керимисти. Така личи. На површина. Но што доколку целта на сатанизацијата не била самата Арифи Т. на крај на политичката кариера, туку нејзината сестра на почеток на политичката кариера и од раните студентски денови припадник на бранковистичката школа? Сепак, нели, нема логика да елиминирате ислужена карта која ќе биде заменета со нова, а сепак иста карта. Затоа, суштината на аферата Арифи Т. не е самата лична дискредитација, туку создавањето на аура на сомнеж, на мистерија, на мрачност која не се префрла само на ликот, туку врз сето нејзино опкружување. А притоа, таквата мрачност обезбедува поволен амбиент за промоција на керимизмот.

А таа промоција на керимизмот во ДУИ ексалираше токму по последните избори во целосно превземање на раководството на партијата, именувањето на министри и промоцијата на ликови блиски по (семејни, структурни, бизнис) релации со Срѓан Керим. Се до самиот врв на партијата, од шефот на кабинетот се до најновиот пријател “друг из ЈНА” на Али Ахмети – Аца Вучиќ.

Тоа е аспектот на персоналните избори како предуслов за разбирање на случувањата во ДУИ, во Владата и во земјата. Но самиот избор е само пола од приказната. Вториот дел од приказната се однесува на интересот на западната – особено американската – дипломатија за елиминација на сите ликови со искуство и пред се институционална меморија од самиот почеток на соработка со западните амбасади и дипломатии во 90тите. Доколку ги гледате поединечно, како во дрво, нема да ја согледате контекстуалноста на шумата како една целина. Арифи Т е такво дрво. Но доколку до неа ги додадете Бранко Црвенковски, Хашим Тачи, Мило Ѓукановиќ, Сали Бериша, Бакир Изетбеговиќ. Стипе Месиќ, ќе ја разберете смислата на отстранување на сите оние кои западната дипломатија ја познаваат од прва рака, од младост и низ бурни времиња. А битноста на искуството и институционалната меморија за секоја држава нема да ја препознаете низ читанки и учебници, туку од одлуката на САД да на балканот ги вратат и Кристофер Хил и Габриел Ескобар токму поради нивното искуство и институционална меморија за земјите и регионот. И во тоа е лицемерието на односот на САД низ формулата “прави како што ти велам, не прави како што правам”.

Во тој детал се отсликува и фамата за “дипломатските булдожери” на Вашингтон. Всушност, нема никаква фама околу Хил и Ескобар како макроа на балканскиот криминал и проституција. Кога имаш моќ и пари да ги елиминираш сите кои те познаваат како жолта пара од младоста, ти ги знаат црните петна, имаат за тебе фајлови барем пола од што имаш за нив, тогаш пола од дипломатската “умешност” е веќе завршена. Се што ти треба се нови, напумпани, недосексани, за пари гладни, полуписмени манекени на модерност кои ќе ги третираш како зелени мајмуни. Токму на ист начин како и нивните претходници од раните и доцните 90ти години на минатиот век кои во меѓувреме еволуирале во луѓе и са замислиле дека им израсна рбет.

Затоа случајот Арифи Т. е интересен. Не како причина за кафеански или тв-дебатни муабети. Туку како потсетник и потврда дека со таков пристап на САД кон нашите зелени или еволуирани мајмуни, залудно е да се очекува било каква промена на подобро.

(Ставовите и мислењата на надворешните автори не се секогаш во согласност со уредувачката политика на @ISSDMacedonia, но поради интересот на читателите и презентацијата на различни идеи, тие се објавуваат kako алтернативни мислења во име на слободниот печат)