Сите албански партии да влезат во владата, нема потреба од слаба опозиција!

Пишува Селим Ибраими- Состаноците на лидерите за формирање на новата влада на Северна Македонија веќе започнаа. И ова е добар знак дека сите се заинтересирани да имаат стабилна влада која ќе се бори против КОВИД -19 и тешката економска состојба на земјата.

Според динамиката, големи се шансите Зоран Заев да ја формира владата со албанските опозициски партии, Aлијанса  на Албанците , Алтернативата и ДПА на Мендух Тачи, а од друга страна и покомпактна коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА. Но, постои друга опција сите страни да влезат во новата влада, како резултат на моменталната состојба и новите опасности со кои може да се соочи земјата.

Во позадина е опцијата со ВМРО-ДПМНЕ која исто така работи на привлекување на вниманието на Али Ахмети- ДУИ. Сè уште е нејасно како Ахмети ќе постапи понатаму помеѓу  Заев или Мицковски кој покажува флексибилност.
Сепак, ќе имаме влада до крајот на август или септември, каде е можно, како што рековме, сите партии да бидат заедно во проширена влада.
Во итни ситуации нема потреба од опозиција и засега на Северна Македонија не и е потребна силна опозиција, без разлика дали е на македонскиот или албанскиот спектар. Во албанскиот камп би рекол дека нема потреба од опозиција до 2021 година, затоа би било добро сите да се приклучат на новата влада и да преземат одговорност до следните избори во корист на граѓаните. (@CSSDMacedonia)

[box type=”shadow” align=”aligncenter” ] Селим Ибраими е албанско-американски аналитичар и истражувач за балкански прашања. Дипломирал на новинарство. Тој има магистерска диплома по меѓународни односи од Универзитетот Вебстер, Воздухопловната база Скот во САД. Селим Ибраими e докторски студент по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Tој живее и работи во САД и Македонија.[/box]