Арсим Зеколи, Скопје-
- Затоа, Фуркан мора да биде етикетиеран како “балист, учка, шпон” од ботовската стока на Мицкоски, како “политико верзија, прост, слуга на дуи” од СДСМ или како “рекетар, лажен новинар” од ДУИ.
- Затоа Фуркан, слично како и ИРЛ, им идат на нерви на салонските, “Комунист и Борба” шарлатани и шалабајзери во новинарството, на корумпирани бардови од Факултетот за Новинарство при МВР, живаљевиќ-сортата кои си отвараа весници со парички од Фрчко кога беше Џандар Бр 1, на “париз хилтон” кафеански социалитки со хонорари од Зоолошки, на провинцијски искомплексирани дунстери, на дебатни тв-папагали – резимирано, на онаа новинарска братија и сестрија навикната да Орце им ги пишува правничките аргументи, Анѓушев им ги дели “успесите на компанијата”, да општински градоначачници им тураат по двеста-триста евра во деколтето со заповест “ај запевај оно штоа ја волим”.
Првата, најголемиот страв на ВМРО, ДУИ и СДСМ е појавата на нова енергија надвор од нивната сателитска уцена, манипулација и контрола. Овие три партии се сеуште под траумите на појавата на Студентски Пленум и раните пред-Шеќеринска пред-Сорос форми на спонтано организирање и демонстрирање. Овој пат уште повеќе, бидејќи граѓаните ги научија триковите со “Гласот на светлината” на Груевски и “Сорос шаренаштвото” на Шеќеринска и “PseJo?” подвалите на Ахмети. Масовната, надетничка, надпартијска подршка и солидарност со Фуркан покажа дека таа енергија сеуште постои и е прилично силна во голем дел на општеството. Затоа, Фуркан мора да биде етикетиеран како “балист, учка, шпон” од ботовската стока на Мицкоски, како “политико верзија, прост, слуга на дуи” од СДСМ или како “рекетар, лажен новинар” од ДУИ. Мора да се оцрни за да се спречи омасовување на подршката за Фуркан, иако тој самиот има ијзавено дека не го интересира политичка активност. Втората причина е што Фуркан е еден од ретките, заедно со ИРЛ, вистински теренски новинари кои истражуваат и ако затреба влегуваат во клинч со разно-разни битанги. Она што А1 беше во 90тите, Фуркан и ИРЛ се денес, трибуни и омбудсмани за заборавените и отфрлените, таму помеѓу предградието и селото. Затоа Фуркан, слично како и ИРЛ, им идат на нерви на салонските, “Комунист и Борба” шарлатани и шалабајзери во новинарството, на корумпирани бардови од Факултетот за Новинарство при МВР, живаљевиќ-сортата кои си отвараа весници со парички од Фрчко кога беше Џандар Бр 1, на “париз хилтон” кафеански социалитки со хонорари од Зоолошки, на провинцијски искомплексирани дунстери, на дебатни тв-папагали – резимирано, на онаа новинарска братија и сестрија навикната да Орце им ги пишува правничките аргументи, Анѓушев им ги дели “успесите на компанијата”, да општински градоначачници им тураат по двеста-триста евра во деколтето со заповест “ај запевај оно штоа ја волим”. А кога ќе падне ноќта, се вовлечат под чаршафите, сите тие би сакале да бидат Фуркан, “барем за једну ноќ, барем за један сат”. https://www.facebook.com/arszek (@CSSDMacedonia)
Фуркан Салиу