За ДУИ засега нема ‘терaпиa’

Коментар на Селим ИбраимиВо седиштето на ДУИ продолжија внатрешните консултации за (не) удвојувањето на позициите на партијата во огранокот Сарај, каде претседателот Али Ахмети се обидува да ја држи партијата под контрола и да спречи натамошен голем раскол. Сегашниот план на Ахмети очигледно е тешко да успее под околностите, и покрај внатрешните напори да се исклучат членовите на “ОГНЕНАТА ГРУПА”. Ахмети, Груби и Османи имаат низок углед кај гласачкото тело и тоа е нивната слабост која во моментов не може да се подобри. Бидејќи тие се во владата и ги имаат сите алатки и можат да играт со “ОГНЕНАТА ГРУПА”, во иднина Ахмети треба да донесе брзи одлуки и со можност за повторување на грешките од минатото. Состојбата нема да се надмине ниту со заминување на членовите на “ОГНЕНАТА ГРУПА”. Терапија за ДУИ во моментов нема. Ова што се случува со ДУИ е природно и ќе се канализира со слабеење на позицијата на Ахмети и неговата група. Останува само надежта Ахмети да смени некои деца министри и да не прифати ниту еден член на “ОГНЕНАТА ГРУПА”. Внатрешните реформи и одржувањето на изборните определби се опција. Овие неопходни потези на Ахмети кои тој мора да ги направи, ќе можат во иднина да покажат дека ќе се најде некоја ‘терапија’ за ДУИ.

(Од албански на македонски јазик го преведе Блерим Абедини)

(Надворешните мислења и коментари не секогаш ја одразуваат уредувачката политика на @ISSDMacedonia)