Дали Алтернативата и Алијансата на Албанците ќе бидат заедно во владата?

Коментар на Селим Ибраими – Алтернативата на Африм Гаши објави дека разговорите со поранешниот премиер Заев одат добро и оти АА се очекува да биде дел од владата. Додека Заев изјави за медиумите дека разговара со сите во различни формати. АА на Африм Гаши беше дел од последната влада на Заев и има добри односи со СДСМ. АА е во коалиција со Сојузот на Албанците на Зијадин Селa.

Сега останува да се види дали Алијансата заедно со Алтернативата ќе станат дел од владата. Kоалицијата составена од Алијансата на Албанците и АА изјавија дека станува збор за заеднички влез во владата. Секое разидување во коалицијата за време на разговорите со Заев ќе ги оштети Селa и Алијансата на Албанците додека АА би се сместувала уште еднаш добро на власт.

Не треба да се заборави дека за време на разговорите сè е можно и зборовите кажани за време на предизборната кампања лесно се забораваат, бидејќи моќта и парите се слатки. Да почекаме следната недела дали ќе имаме конкретни потези од партиите. (@CSSDMacedonia)

 

[box type=”info” align=”aligncenter” ]Селим Ибраими е албанско-американски аналитичар и истражувач за балкански прашања. Дипломирал на новинарство. Тој има магистерска диплома по меѓународни односи од Универзитетот Вебстер, Воздухопловната база Скот во САД. Селим Ибраими e докторски студент по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Tој живее и работи во САД и Македонија[/box]